-Некои од луѓето кои во учествуваа во акцијата во Куманово, во очигледно многу професионалната терористичка акција се бореле во Сирија и Ирак. Тие знаат со која идеја дошле во Куманово, а тоа е џихад и ширење на радикалниот ислам на европско тло- вели во интервју за Вечерњи.хр, Иво Вајгл.
Освен тоа тој смета дека ФИРОМ е апсурдна деноминација.-По таа логика би можел да кажам дека јас сум од некогашната југословенска република Словенија или поранешна покраина Крањска. Потполно е апсурдно и ирационално да Грција, која бара од нас разбирање и помош, покажува толку малку солидарност за соседите и неразбирање за тоа дека со непризнавање на Македонија создава жариште на кризата на нивна граница- потенцира Вајгл.
Воедно тој негира постоење консензус во Брисел за заминување на Груевски од власт.
-Во некои медиуми се изнесени тврдења дека во Брисел постои консензус за Груевски да си оди. Таков консензус не постои- тврди Вајгл.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.