| четврток, 6 декември 2018 |

Вајгл и Кукан: Вчерашната одлука беше драматична и тесна

Известувачот за Македонија во Европскиот Парламент, Иво Вајгл, истакна дека патот до вчерашната одлука на членовите на Собранието беше драматична и тесна, но, според него, со неа пратениците ги заштитија виталните интересите на граѓаните на Македонија.

Тој додаде дека во следните недели и месеци ќе биде важно политичките лидери во Македонија одлучно да тргнат по патот на помирувањето и интересите на партиите да и се подредат на заедничката цел – членство во евроатлантските сојузи.

И за европратеникот Едвард Кукан одлуката на Собранието со дветретинско мнозинство да ја почне процедурата за уставни измени согласно Преспанскиот договор претставува добра вест.

„Тоа е почеток на процес, но претставува многу значаен чекор напред. Би сакал да им честитам на оние кои го поддржаа Преспанскиот договор, кои покажаа лидерство и гласаа за европска иднина на нивната земја“, напиша Кукан на Твитер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top