Кубанската телевизија ги прикажа двајцата како разговараат, но
медиумите не прецизираа дали тоа се случило во вторникот или во средата.
На крајот на 90-те години поранешниот кубански претседател беше меѓу најотворените критичари на воздушните напади на НАТО врз Србија, преземени за да се прекинат репресиите на српските сили во
Косово, потсетуваат француските медиуми.
За време на својата посета на куба, Николиќ се сретна и со претседателот Раул Кастро, кој му изјави дека Куба ќе продолжи да и дава поддршка на Србија „во борбата за територијалната целост и суверенитет“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.