| четврток, 6 декември 2018 |

Ајфеловата кула затворена за посета

ajfelova-kula-645x360

Затворена е најпознатата туристичка атракција во Париз, Ајфеловата кула. Таа е затворена за посети поради протести на вработените против драстичното зголемување на кражби. Кулата обично е отворена секој ден од годината и на неа се качуваат илјадници луѓе дневно. Таа понекогаш се затвора поради бомбашки закани или штрајкови. Објавено е соопштение во кое се наведува дека денес Ајфеловата кула нема да работи поради загриженоста на персоналот од сè поголемиот број крадци околу објектот.

Во тек се разговори со полицијата за наоѓање на решение за да може Ајфеловата кула повторно да биде отворена. Сегашниот протест доаѓа само еден ден откако властите во француската престолнина се пофалија со пад на ситниот криминал против туристите, што беше објаснето со засилени полициско присуство и со видеонадзор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top