| четврток, 6 декември 2018 |

Паника на Ајфеловата кула: Приведен сомнителен маж

Француската полиција синоќа ја опколи Ајфеловата кула, каде туристите речиси еден час беа „блокирани“ поради маж кој се „однесувал сомнително“, што предизвикало страв и паника од евентуален терористички напад.

Локалните медиуми информираат дека Ајфеловата кула била евакуирана, посетителите останале затворени во лифтовите, а мажот кој извикувал „Алах акбар“ бил уапсен.

Кај уапсениот маж не било пронајдено ниту оружје, ниту друг сомнителен предмет.

Истовремено, во Париз била евакуирана и Северната станица. Патниците на таа железничка линија изјавиле дека полицијата пронашла сомнителен пакет

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top