| четврток, 6 декември 2018 |

Шестмина полицајци обвинети за смртта на Афроамериканецот

Шестмината полицајци, осомничени за смртта на Афроамериканец во притвор, беа прогласени за одговорни од судската порота, изјави обвинителот на Балтимор, Мерилин Мосби.

– Изминатите две недели обвинителството претстави доволно докази и денеска поротата заклучи дека има основа за покренување на судска постапка против шестмината полицајци. Тие ќе се појават пред судот на 2 јули, изјави Мосби на прес-конференција.

Најтешките обвинувања се за убиство без предумисла и убиство поради грубо непочитување на човечкиот живот.

Дваесет и петгодишниот Афроамериканец Фреди Греј почина една недела по неговото апсење од полицијата во Балтимор. Според аутопсијата, смртта настапила како последица на повреда на ’рбетниот мозок.

Смртта на младиот Афроамериканец предизвика немири во Балтимор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top