| четврток, 6 декември 2018 |

Уште една вооружена драма во САД: Вооружен напаѓач држи заложници во „Бургер Кинг“

Вооружен маж кој е осомничен за силување, ги држи како заложници четири лицаво ресторанот за брза храна „Бургер Кинг во јужниот дел од Балтимор.

Меѓу заложниците е и седумгодишно девојче, соопшти полицијата од Балтимор, пренесе „Раша тудеј“.

Потрпаролот на полицијата Т.Џ. Смит на конференцијата за новинарите изјави дека мажот како заложници држи „отприлика четири луѓе“..

Напаѓачот е осомничен за силување и полицијата го бараша, рекол Смит додавајќи дека и побегнал на полицијата а потоа се забарикадорал во ресторанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top