| четврток, 6 декември 2018 |

Лавров: Русија ќе одговори на барањата на Ирак за достава на оружје

Russian FM Lavrov attends a meeting with Kazakhstan's FM Idrisov in Astana

Русија ќе се потруди да одговори на сите молби на Ирак за достава на оружје во борбата против тероризмот, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров пред средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и ирачкиот премиер Хајдер ал Абади.

Лавров посочи оружјето ќе биде доставено до ирачките безбедносни сили за да можат да ги протераат од своја територија припадниците на Исламска држава и другите терористи.

Тој посочи дека воената соработка меѓу Русија и Ирак е „целосна и блиска“.

– Ние за разлика од другите земји сме подготвени да доставиме оружје на Ирак, и не поставуваме никакви услови, бидејќи Ирак, Сирија и Египет се наоѓаат на првата линија во борба со тероризмот, посочи Лавров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top