Вчера попладне во атарот на беровското село Владимирово, поточно на местото Средобрд, 42-годишниот Драган Б. управувајќи трактор, на кој имало приколка, излетал од шумскиот пат, по што приколката се превртела, а тракторот продолжил со движење по удолница и удрил во дрво.
Драган Б. се здобил со тешки телесни повреди и починал.
Од страна на Полициската станица во Берово излезено е на местото на настанот, извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



