Педесет и еденгодишниот М.П. од село Липец, управувајќи со трактор „ИМТ 533“ со кочански регистарски ознаки, вчера излетал на локалниот пат од селото Липец до крстосницата со Р-1304 во Виница. Во сообраќајната незгода возачот, од здобиените повреди, починал на местото на настанот.
Увид извршила екипа од полициската станица во Виница. Со согласност на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на семејството за погреб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.