| четврток, 6 декември 2018 |

Загина тракторист во прилепско, брат му тешко повреден

Триесет и петгодишен маж од од село Дреновци, Прилепско, загина, а неговиот брат се здобил со тешки телесни повреди откако им се превртел тракторот со кој се движеле по планински терен.

Од МВР велат дека вчера околу 7:30 часот во атар на селото Дреновци, Прилепско, Р.Б. (35) од истото село, управувајќи трактор на планински терен, се превртел по што починал на самото место, а неговиот брат П.Б. (27), кој исто така се превезувал на тракторот, се здобил со тешки телесни повреди.

Братот на починатиот се јавил кај соселани да побара помош, кои по пристигнувањето го извадиле телото на починатиот кое било пригмечено под тракторот и со приколка го пренеле телото на место викано Скапец, каде што од страна на медицинско лице била констатирана смрт.

Од страна на увидна екипа од ПС Прилеп било излезено на местото на настанот и бил извршен увид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top