Лионел Меси ја има дарбата за дриблинг уште од детството, а видео клипот на кој се гледа како уште како 9-годишно дете си поигрува со противниците е хит на интернет.
Медиумите на шега објавија дека Џером Боатенг нема од што да се срами, бидејќи Меси со дриблинзи „крши кичми“ уште од дете.
Боатенг беше исмеван поради падот по финтата на аргентинскиот ас на првиот полуфинален меч од Лигата на шампионите меѓу Барселона и Баерн Минхен. Меси умешно го издрибла стоперот на Баерн, кој притоа падна и немоќно легнат на тревата гледаше како Лионел ја тресе мрежата на Мануел Нојер.
Погледнете го видеото кое ги прикажува врвните фудбалски вештини на 9-годишнито Меси.
И дриблингот на Меси по кој настрада Боатенг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



