Најдобриот тим во Италија, Јувентус, веќе освои две титули оваа сезона. По првиот трофеј во Серија А, „старата дама“ се закити и со титулата до Купот.
Јуве продолжи со извонредните настапи оваа сезона и во финалето кое се одигра на „Олимпико“ во Рим го совлада Лацио со 2-1 по породолженија од двапати по 15 минути.
Екипата од Торино цели 20 години го чекаше овој трофеј во витрините што значеше посебен мотив за фудбалерите на Алегри.
Јувентус покажа карактер бидејќи успеа со целосен пресврт да дојде до победата. Лацио прв поведе уште во раната фаза од мечот со голот на Раду.
Кјелини со прекрасен гол успеа по само шест минути да го израмни резултатот. До крајот на регуларниот дел двата тима пропуштија неколку изгледни шанси за гол. Во продолженијата најголем трагичар се чини е играчот на Лацио Ѓорѓевиќ, кој неговиот удар најпрвин удри во левиот, па потоа и во десниот директ, но не заврши во мрежата.
Јунакот за Јувентус е резервистот Матри, кој од десетина метри успеа да го совлада Бериша и да им донесе голема победа и радост на своите соиграчи, носејќи му ја Јувентус десеттата титула во Купот.
Јувентус за помалку од 20 дена го очекува борбата за најсјајното признание оваа сезона, финалето од Лигата на шампионите против Барселона кое се игра на 6 јуни во Берлин.
Juventus vs Lazio 2-1 All Goals ( finale coppa… by footballTV
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



