| четврток, 6 декември 2018 |

Во Аеродром ќе се врши попис на зградите

aerodrom

На територијата на Општина Аеродром, која е поделена на седум реони, од утре почнува броење на станбените згради, по што ќе се формира регистар на станбени згради и регистар на управители.

За таа цел ќе бидат ангажирани по двајца анкетари на реон. Исто така, анкетарите за потребите на проектот ќе извршат посета и интервјуирање на претседателите на куќните совети.

Се предвидува анкетирањето да трае до 30 минути. Поради тоа, општинските власти ги замолуваат претставниците на зградите и куќните совети да им излезат во пресрет на анкетарите и да одговорат на нивните прашања.

– Целта на овој проект, кој се спроведува во соработка со УСАИД и Здружението за хумано домување „Хабитат Македонија“, е да се направи регистар на станбени згради во општината и да се воочи актуелната состојба на зградите. Ќе се утврди колку од зградите се енергетски ефикасни и на колку од објектите треба дополнително да се интервенира, со што ќе се подигне јавната свест за значењето на енергетската ефикасност – информираат од Општината Аеродром.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top