Со години слушавме приказни како кафето е штетно, но Американскиот комитет за советување за исхратата има цврсти докази дека пиењето кафе, три до пет шолји дневно не претставува проблем. Всушност, таа количина кафе може да помогне во борба против тешки болести.
Кафето е вториот најпопуларен пијалок по водата, а Комитетот ја ставил на листата на здрави намирници бидејќи поседува докази оти го намалува ризикот од дијабет од типот 2 и болести на срцето, како и дека го штитпи од Паркинсоновата болест.
Но, треба да се напомене дека пијалоците богати со кофеин не се исто што и кафето. Адолесцентите нив треба да ги избегнуваат, а возрасните да ги пијат во умерени колични. Овие пијалоци имаат доволно кофеин да предизвикаат несоница и забрзана работа на срцето, но кафе во разумни количини не штети.
Кафето и белото кафе се корисни за здравјето, но не и кремовите и засладените верзии кои ги нудат кафулињата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



