| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Црвенковски е дезертер и кукавица

Прес-конференцијата на лидерот на СДСМ е само обид за прикривање на личната одговорност за огромниот пораз на неговата партија, која го загуби најголемиот дел од општините. Во неговите зборови веќе не веруваат ниту најтврдокорните членови на неговата партија, изјави рано изутринава на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

Според владејачката партија, Црвенковски покажал дезертерски манири и кукавичлук, а својот обид да ја избегне личната одговорност го сторил шест часа откако биле затворени гласачките кутии.

Предходно, според Димовски, неколку пати партискиот потпретседател Гордан Георгиев објавувал информации за водство на СДСМ во неколку општини, при што не зборувал за никакви нерегуларности.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top