Убава низа од настапи наизменично или во меѓусебни дуели имаат финалистите на Купот на Македонија, Работнички и Тетекс. Двете најуспешни екипи сезонава во најмасовното натпреварување, вечерва од 20 часот ќе играат за вредниот пехар на „Филип втори“ арената во Скопје. И ќе ја продолжат низата од 8 куп финалиња на кои или Работнички или Тетекс, или двете екипи меѓусебе играле за трофејот.
Во 2008 година започна импресивната приказна за двата клуба, а тогаш Работнички го победи Милано со 2-0 во финалето и се закити со трофејот. Следната година „романтичарите“ ја одбранија круната со триумф против Македонија Ѓ. П.
Шансата за хет-трик им ја уништи токму Тетекс со победа од 3-2 во 2010 година. Текстилците и следната година играа во финалето, но Металург ги смени на победничкиот пиедестал со победа од 2-0.
Следниот циклус Ренова со 3-1 го надигра Работнички во финалето, а пред две изданија Тетекс во дербито со најголемиот ривал Шкендија славеше со 6-5 по подобро изведување на пенали. Низата продолжи и лани со триумф на Работнички од 2-0 против Металург.
Осмата сезона по ред во националниот Куп повторно е во знакот на Работнички и на Тетекс, екипи кои вечерва ќе атакуваат на пехарот на ФФМ.
Како изгледа ривалитството на овие два тима погледнте низ објективот на двете легенди на мак-фудбалот Блаже Аврамовски Мато и Ѓоко Стојановски попознат како Бела Мечка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



