Случувањата во Македонија произлегуваат од желбата да се влијае на Владата на премиерот Никола Груевски во врска со одбивањето да се приклучи кон санкциите против Русија, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пренесува руската агенција ТАСС.
Лавров смета дека случувањата во Македонија се контролирани од надвор.
Според него, се прават напори Владата на Груевски да биде обвинета дека не ги исполнува обврските кон народот, но зад тоа всушност се крие „желбата да се изврши притисок во врска со неговото одбивање да се приклучи кон санкциите против Русија и во врска со поддршката за „Јужен поток“ и подготвеноста за соработка при реализацијата на други алтернативи за транспорт на гориво, вклучувајќи го и таканаречениот „Турски поток“.
– Многу е тажно и опасно дека за таа цел се прават напори да се искористи албанскиот фактор. Пред многу години имаше сериозни спротивставувања и тогаш (во 2001) беше потпишан Охридскиот договор, а сега се зборува дека Македонија треба да се федерализира уште подлабоко, дури се предлагаат идеи и да биде разделена – еден дел да биде даден на Албанија, а друг на Бугарија, рече министерот Лавров во обраќањето во Советот на Руската Федерација
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Русија е подготвена да биде посредник за кризата околу Катар
-
Рускиот министер Лавров: Кризата во Македонија може да се реши само во рамки на Уставот
-
Руската амбасада реагира: Западните медиуми со фејкови нè туркаат во информациска војна во Македонија
-
Лавров: Разговорот меѓу Трамп и Путин покажа заемно почитување