Лидерот на опозицијата, Бранко Црвенковски, се закани дека е можно да не учествуваат на вториот круг од локалните избори ако не се расчистат сите изборни нерегуланости од денешното гласање. Според Црвенковски, изборите не биле ниту фер ниту демократски и уште еднаш порача дека ќе одат до крај со отпорот, сѐ до конечна победа.
– Сакам од срце да им се заблагодарам на сите што гласаа за опозицијата. Овие избори беа сѐ друго само не фер и демокраски. Бевме сведоци на невидени закани, уцени, нерегуларности, злоупотреба на државните институции и на државни пари, бевме сведоци не на медиумски мрак, туку на медиумска тортура што се спроведуваше кон граѓаните на оваа земја. Сакам јасно да порачам дека додека не се расчистат сите нерегуларности, за нас се отворени сите опции, дури и неучество на вториот круг на избори. Во исто време поддршката што ја добивме од страна на граѓаните е толку голема што нам ни дава сила, волја и желба, но и обврска, да продолжиме со отпорот. Наша цел е предвремени избори и конечен пад на Груевски. Одиме до крај, одиме до конечна победа – порача претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски.
Црвенковски не соопшти ниту еден резултат од аналитичкиот центар на неговата партија за евентуална победа на неговата партија во некоја од општините.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.