Во четвроток, 21 мај, во клубот „Станица 26“ ќе настапи новиот состав на Тони Зен, „Флека“. Составен од 11 врвни музичари, бендот кани на целовечерно дружење и забава со звуците на фанк, џез, соул, блуз и хип-хоп музика.
Гости на овој клубски концерт ќе бидат Тамара Тодевска и диџеј Чваре. Картите се по цена од 150 денари и може да се купат во клуб ,,Станица 26”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.