| четврток, 6 декември 2018 |

Шпионската афера ја тресе Германија: партијата на Меркел се заканува со предвремени избори

603526_bundestag01foto-ap_f

Заменик шефот на пратеничкиот клуб на Социјалдемократска партија (СПД) во германскиот Бундестаг Аксел Шефер остро ги отфрлил заканите на неговиот колега од Христијанско-демократската унија (ЦДУ) Михаел Фукс за можностите за предвремени избори.

Заканите следуваат како последица на однесувањето на СПД во аферата со прислушувањето во која е вмешана и сојузната разузнавачка служба БНД, обвинета за помагање на Американците во шпионирањето на Европјаните, за што според медиумите во Германија била запозната и службата на Канцеларката Меркел.

– Фукс, како заменик шеф на пратеничкиот клуб на демохристијаните има една експонирачка одговорност. Неговата закана со нови избори е неодговорно предизвикување на вознемиреност, рекол Шефер по повод Фуксовиот став за можност за предвремени избори.

Фукс пак, ги предупреди Социјалдемократите дека ризикуваат крај на владата во Берлин и го советуваше шефот на СПД Зигмар Габриел тоа да го има предвид, инаку ќе следуваат нови избори.

Тој, смета дека во случај на нови предвремени избори, демохристијаните можеби ќе успеат и сами да формираат влада или заедно со либералите кои најавуваат враќање во Бундестагот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top