| четврток, 6 декември 2018 |

Хаос во Перу, судија покажа 5 црвени картони па го спасуваа со полиција (видео)

Судијата Рамон Бланко имаше многу мака да ги скроти фудбалерита на Алијанца Лима и мораше да покаже дури 5 црвени картони, четири за играчите на терен и еден за помошниот тренер. Алијанца загуби со 0-1 од Реал Гарсилјасо, а се почна во финишот со груб старт и исклучување за еден од домашните играчи.

lima

Потоа имаше уште остри стартови, протест по секое исклучување, а на крајот и судијата мораше да спасува жива глава. Со помош на полиција Бланко го напушти стадионот, а интересно е што доби поддршка од перуанската фудбалска федерација. Оттаму стасаа комплименти за одлучноста на Бланко и за начинот на кој ја делеше правдата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top