Бандата за државни удари обучена од српски Канвас, според документите до кои дојде Вечер, плаќа по 1.500 американски долари за добра идеја за организирање демонстрации. Тоа е познатата групација на СОРОС, УСАИД и Форум групацијата, кои стојат зад насилните протести на СДСМ, Зоран Заев и Радмила Шеќеринска. Првиот протест го направија за Мартин Нешковски во 2011 година, а во согласност со стратегијата на Канвас, кога ненасилните протести нема да дадат резултати – се уфрлаат радикални насилни структури кои треба да предизвикаат контролирана војна, односно немири и крв. Српски Канвас е единствената неисламска организација која е ставена на листата 85 терористички организации во Обединетите Арапски Емирати, а нејзините членови имаат забрана за влез во Русија. Тие учествуваа во немирите во Украина, во рушењето на Хосни Мубарак во Египет, како и во други 28 земји во светот. Сега сакаат да ја урнат Македонија.
Ова е еден од повиците на СОРОС и УСАИД за финансирање на наводно ненасилни протести кои треба да ги осмислат учесниците во школата за граѓанско општество. Во повикот наведено е дека право на пријавување имаат учениците од шесте генерации ученици тренирани од Канвас. Овој повик е од јануари годинава, непосредно пред почетокот на студентските демонстрации. Во него е наведено дека ќе бидат прифатени две идеи за протести, при што поединечен проект ќе се финансира со 1.500 долари. Рокот за пријавување е 28 јануари 2015 година, а пријавите треба да се достават кај Соња Исмаил.
Како што Вечер веќе пишуваше моделот за насилни демонстрации и државни удари, организиран од платеници познати како група Отпор! – и кој се покажа како успешен во Србија за уривање на Слободан Милошевиќ, не заврши со неговиот пад. Напротив, стана подземен политички бизнис. Усовршен и досега е применет во над 30 земји, меѓу кои: Грузија, Либан, Украина, Малдиви, Египет… Идентичен модел е применет и во Украина. Западните разузнавачки служби ја координираа заедничката работа божем невладините организации, како белградската агенција за револуции и подземна политика – Канвас, и неонацистичките организации како Десен сектор и партијата Свобода, кои одиграа клучна улога во државниот удар, и подготовките за граѓанска војна во Украина. Српските платеници собрани под фирмата Отпор! видоа многу пари, и многу моќ во процесот на уривање на Милошевиќ. Видоа, и решија да продолжат – станаа фабрика за извоз и креација на немири, насилни демонстрации, терор, убиства и државни удари. Ставањето на агенцијата Канвас на листата на терористи и соработници на терористички организации во друштво на Муслиманските браќа, Ал каеда, Боко Харам не е никаква грешка, туку сосема логична последица на нивниот ангажман. Ова се доказите дека државниот удар, насилните демонстрации, поттикнувањето етнички тензии до ниво на контролирана војна, уривањето државни институции, земање власт без избори… кое го гледаме сега во 2015 е планирано и почнато уште од 2009 и 2011 година.
Канвас во Македонија Школа за активно граѓанство на УСАИД и СОРОС!
Прв пат Канвас се промовира во Македонија во 2009 година на обука организирана од групацијата Форум, а како промотори се Ѓунер Исмаил и Сашо Орданоски. Обуката е одржана во Охрид и на неа предавањата ги врши лично Срѓа Поповиќ. Потоа се прави разгранување: направени се неколку групи од школуваните активисти кои започнуваат нови обуки на нови активисти. Обуките се одржуваат во хотелот „Романтик” во Велес и целиот овој процес трае три години, до 2011 година, со обуки и предавања од по неколку дена два пати годишно. Обуките се наречени Школа за активно граѓанство и има вкупно 6 генерации активисти кои изгледоа обучени од Канвас. Покрај промоторите Ѓунер Исмаил и Сашо Орданоски, како едни од главните предавачи во Македонија се и Соња Исмаил и Зоран Бојаровски, дел од групацијата Форум. Финансиери се СОРОС и УСАИД. Од 2011 година наваму, почнува собирање на идеите од активистите каде може да се примени наученото и каде може да се организираат наводно ненасилни протести кои директно ќе бидат финансирани од СОРОС и УСАИД. Првиот ваков протест е за Мартин Нешковски во 2011 година. Следуваат Паркобраните кај хотел „Бристол”, студентскиот и средношколскиот пленум, протестот на стечајците и хонорарците, а сега и протестите на опозицијата. Членовите на Студентскиот пленум во декември 2014 добија обука и тренинг од Иван Маровиќ вработен во Канвас, дел од некогашен Отпор. Обуките се одржуваа во декември 2014 и јануари 2015 во Скопје, во групи од околу 120 одбрани активисти на Студентскиот пленум. Протестите кои потоа уследија исто така го имаа потписот на Канвас и некогашниот Отпор: Кругот, кој го носеа студентите над глава! Срѓа Поповиќ три пати дојде во Скопје да надгледува, управува и советува со бомбите и протестите на опозицијата: во март 2015, на крајот на април 2015 и во почетокот на мај 2015.
Канвас на дело од терористички акт во Харков до убиството на Немцов!
Српската трага, која води од терористичкиот напад во Харков до убиството на Немцов, премногу стрчи под тепих за да може да остане незабележана. Убиството на Немцов, чие тело беше пронајдено практично под ѕидините на Кремљ, само по себе е вонреден случај за Русија. Досега во Русија се уште не убиле, па дури да е и поранешен член на владата, вицепремиер, политичар кој имал пристап до Белата куќа и имал настапи во Конгресот на САД. Овој чин бара најсериозно да се посвети внимание на самото убиство и силите кои стојат зад него како и на последиците. Значи, потребно е да се разгледаат сите верзии на случајот. Аналитичарот Сергеј Кургинин смета дека српската организација стои зад ликвидацијата на рускиот опозиционер: Постои извесен господин Јарош, лидер на радикалната украинска организација Десен сектор. Тој соработува со Канвас, која е некаква српскоамериканска структура која се занимава со изведување Портокалови револуции. Оваа структура раководеше со случувањата на Мајданот. Сега Канвас многу се занимава со Русија. Немцов, за жал, рече дека се плаши оти власта ќе го убие. Веднаш потоа, оваа тема ја разгледуваат Јарош и претставници на Канвас, затоа што тие доаѓаат во Русија. Меѓу нив е и еден Србин со прекарот Аца, кој престојува во САД, а работи за Канвас.
Кога ќе се отфрлат овие верзии, освен онаа најверојатната дека Немцов е убиен со цел да се дестабилизира ситуацијата непосредно пред маршот на опозицијата кој беше закажан за 1 март, произлегува дека ваквата дестабилизација им е најпотребна на радикалните организации, односно на Десниот сектор. Ситуацијата на фронтовите е таква што украинската војска е разбиена на целиот фронт и протерана од Дебалцево. Од претрпените порази нема да закрепне наскоро, а најверојатно нема воопшто ни да има сила да закрепне. Во таква ситуација, за украинските радикали и нивните западни господари, единствена стратешка добитна комбинација може да биде сериозна дестабилизација на ситуацијата во Русија. Теророт е пожелен само за украинските радикали и нивните господари кои на тој начин настојуваат луѓето да ги засилат против руските и против донепските расположенија. Но, што е тоа што необично се случи при харковската експлозија (терористички акт кој е изведен на 23 февруари во Харков, а во кој загинаа три лица, а десетина беа повредени)? Две лица од специјалниот батаљон на полицијата Харков 1 и девојките од десниот сектор кои невешто манипулираа со експлозивна направа, при што и сами настрадаа. Нив се обиде да ги евакуира група од четири лица. Необичното однесување на оваа група и привлече внимание на полицијата и четворката беше уапсена. При претресот на нивното комбе се покажа дека не беше јасно како тие воопшто и мислеле да ги евакуираат повредените, бидејќи возилото им било преполно со оружје од руско производство. Се утврдило дека лидерот на групата бил граѓанин на САД, Александар Казун, познат како Аца, со престој во Вашингтон, држава Колумбија, вработен во невладината организација Канвас. Казун беше веднаш ослободен по наредба на секретарот на советот за народна безбедност и одбрана на Украина, Александар Турчинов. Ќе се согласите дека апсењето на странскиот државјанин на место на терористичкиот акт изгледа многу сомнително, а уште посомнителен е фактот дека тоа лице Казун било ослободено по наредба на Турчинов, кој има сериозни контакти со американската елита, а уште посомнително е кога ќе се сфати каква е таа непрофитна организација Канвас. Денес на сите им е веќе познато дека во јануарскофевруарските настани во Киев во 2014 година учествуваа Срби и Американци како и високо квалификувани организатори на Евромајданот. Српскоамерикански консултанти на киевскиот Евромајдан не се задржуваат да користат веќе испробани успешни шаблони и инструкции. На пример, летоците кои беа употребувани во 2000 година во Белград, потоа во 2011 во Каиро и во Киев 20132014. Во некои натписи може да се види дека Канвас добива многу американски пари, исто така се пишува и дека српската организација Отпор ја финансирале Фридом хаус, Институтот за отворено општество и Амаериканскиот институт за мир. Се укажува и дека со овие организации е поврзан и Канвас. Прво Отпор, а потоа и Канвас не само да се спомнуваат во преписка на соработници на Стратфор, туку тие и одржуваат тесни врски со Стратфор, со банката Голдман сакс и Владата на САД. Жената на лидерот на Канвас, една година работела во Стратфор, од март 2010 до март 2011 г.
Фото: Вечер
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.