| четврток, 6 декември 2018 |

Град со големина на лешник паѓаше во Демир Хисар (ВИДЕО)

Големо невреме попладнево го зафати демирхисарко. Силни врнежи од дожд и град со големина на лешник паѓаа во овој регион.

Од Општина Демир Хисар за ТВ Орбис велат дека и во моментов продолжуваат силните врнежи од дожд и не може да се излезе на терен за проценка на штетите. Тие информираат дека на терен се излезени службите на ЈКП „Комуналец“ и противпожарните екипи кои се обидуваат со различна механизација да му помогнат на населението.

Според кажувања на жителите од демирхисарско досега не е запаметено невреме од вакви размери, а според УХРМ слични временски услови се очекува да се задржат до крајот на неделата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top