За само три дена минатата недела, на две аукции во куќата „Кристи“ во Њујорк, е забележан промет од милијарда и 400 милиони долари, пишува италијанскиот весник „Еспресо“. Само една слика, таа на Пабло Пикасо, „Жените од Алжир“ е платена 179,39 милиони долари. За многу кратко време е надминат светскиот рекорд од 2013 година, кој изнесуваше 142,4 милиони долари за триптихот „Три студии“ на Лисијен Фројд.
Стручните лица даваа проценки дека сликата на Пикасо ќе достигне енормно висока цена, бидејќи сликата неодамна беше изложена во Хонгконг, Лондон и Њујорк, каде што, во центарот Рокфелер ја видоа 15 милиони посетители, но не очекуваа дека ќе ја надмине сумата од 140 милиони долари, бидејќи стартуваше од 100 милиони.
За ексклузивните дела се бореа тројца моќни трговци со уметнички дела – Лари Гагосијан, Дејвид Звинер и Џеј Џоплинг. Актот на една жена, на сликарот Лисијен Фројд од 1944 година го купи лондонскиот трговец Пилар Ордовас и за него плати 56 милиони долари. За пониска сума се продадени дела на Баскијат и Раушенберг.
Експерти за уметност аукцијата во „Кристи“ ја нарекоа аукција на векот, пренесоа светските медиуми, напоменувајќи дека утра богатите авторските дела ги третираат како најсигурна можна инвестиција.
Паралелно со уметничките дела, за приматот на пазарот со уметности се натпреваруваат и двете најпознати конкурентски аукциски куќи – „Кристи“ и „Сотби“. Во „Сотби“ речиси истовремено како кај „Кристи“ замалку ќе беше остварен рекорд – 380 милиони долари промет во една аукција. Тоа беше второ најдобро продадено дело од крајот на Втората светска војна. Станува збор за сликата „Без име (жолто и сино)“ на Марк Ротко кое се продаде за 46,5 милиони долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



