Според досегашните резултати од анализите, можам да ви соопштам дека ВМРО ДПМНЕ во прв круг победува во најмалку 25 општини, а очекуваме уште 5-6. Се надеваме дека конечната бројка ќе излезе над 30 општини, соопшти претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски.
ВМРО ДПМНЕ победил во прв круг во Кисела Вода, Охрид, Прилеп, Гевгелија, Новаци, Петровец, Илиден, Демир Капија, Македонска Каменица, Кратово, Пехчево, Виница, Василево, Валандово, Радовиш, Кривогаштани, Конче, Сопиште, Крушево, Росомоан, Босилово, Ново Село, …
Покрај победата во прв круг во најмалку 25 општини ВМРО ДПМНЕ води во други 32 општини. Убедливо води во Скопје каде Коце Трајновски има предност од 2:1. ВМРО ДПМНЕ го доби мнозинството и во Гази Баба, Аеродром, Штип, Битола, Кочани, Куманово, Ѓорче Петров, Кавадарци, Пробиштип, Свети Николе, Неготино, Крива Паланка, Марвово и Ростуше, Зелениково, Делчево, Берово, Бутел, Чучер , Карбинци, Ресен, Лозово, Долнени, Кривогаштани, Демир Хисар, Сопиште, Чеишново, Облешево, Брвеница,…
Според Груевски, СДСМ води во Велес за многу мала разлика, како и во Ранковце, Богданци, Центар, Струмица и Дебарца, каде ќе има втор круг.
– Тоа се шест општини во кои имаат малку поглеми шанси од ВМРО ДПМНЕ но нема да се предадеме во вториот круг, порача Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата