Македонскиот фудбалски стратег Ѓоре Јовановски е најсериозен кандидат за нов тренер на бугарскиот шампион Лудогорец. Бугарските медиуми известуваат дека Јовановски е веќе договорен со раководството на клубот, кој по четвртипат едноподруго ја освои титулата.
Лудогорец беше едно од најпријатните изненадувања во ланското издание на Лигата на шампионите, а подготвува уште посилен тим за новиот циклус во елитното натпреварување.
Јовановски има искуство со водење бугарски екипи, откако беше кормилар на ЦСКА Софија. Тој е еден од најдобрите македонски тренери, со дузина трофеи освоени со Слога Југомагнат и со Работнички.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



