| четврток, 6 декември 2018 |

Победа против Лудогорец единствената шанса за Ливерпул

Премиерлигашот Ливерпул вечерва гостува во Софија кај шампионот на Бугарија Лудогорец. Единствено победата е опција за петкратниот европски шампион да ги задржи шансите за пласман во нок­аут фазата. Другите резултати ќе ја продлабочат кризата на тимот од „Енфилд“.

Внимание привлекува и дуелот меѓу Арсенал и Борусија Дортмунд, како и гостувањето на Јувентус кај Малме, бидејќи на „старата дама“ потребна и е победа за да ги задржи шансите за осминафиналето.

Двојки за денешните натпревари од 5.коло во Лигата на шампиони:

А група: Атлетико Мадрид ­ Олимпијакос и Малме ­ Јувентус.
Табела: Атлетико Мадрид 9, Олимпијакос 6, Јувентус 6, Малме 3.

Б група: Базел ­ Реал Мадрид и Лудогорец ­ Ливерпул.
Табела: Реал Мадрид 12 бода, Базел 6, Ливерпул 3, Лудогорец 3.

Ц група: Зенит ­ Бенфика и Баер ­ Монако.
Табела: Баер 9, Монако 5, Зенит 4, Бенфика 4.

Д група: Арсенал ­ Борусија Д. и Андерлехт ­ Галатасарај.
Табела: Борусија Д. 12, Арсенал 7, Андерлехт 2, Галатасарај 1.

Почетокот на натпреварите е во 20:45 часот, со исклучок на дуелот Зенит – Бенфика, кој почнува во 18 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top