„Леар“ доставува делови за сите поголеми европски производители на автомобили, а се планира во новата фабрика почетно да се вработат околу 300 луѓе, а понатаму се очекува фабриката да се проширува.
– Со продолжениот успех на „Леар“ во вертикално интегрираните автомобилски системи за седење и компоненти со задоволство ќе ги почнеме операциите во Македонија и планираме да ја изградиме фабриката до средината на 2016 година. Ја цениме соработката со сите вклучени во процесот на отпочнување со работа на првата фабрика на „Леар“ во Македонија – изјави Џенеан Ханли, потпретседател во компанијата.
Корпорацијата „Леар“ е најголемиот добавувач во светот со луксузна кожена автомобилска галантерија, како и со системи за електрика. „Леар“ набавува делови до сите големи автомобилски производители во светот и нивните делови може да се најдат во повеќе од 300 модели на автомобили.
Корпорацијата „Леар“ во моментов има околу 132.000 вработени во 34 земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Турската „Чагатај Кабло“ во Бунарџик ќе произведува кабли за автобусите на „Ван Хол“
-
Отворен нов погон во зоната кај Алинци, инвестиција вредна 1,2 милиона евра
-
Груевски: Денес почнува со работа компанијата „Акомпласт“, инвестиција која ќе креира 300 нови работни места
-
Груевски: ОДВ Електрик го стартува новиот објект во зоната Охрид- Струга, инвестиција на која долго работевме



