| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО ДПМНЕ: Нема да дозволиме промена на Уставот и името

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ за името на Република Македонија е јасен, цврст и непроменет. За било какво можно решение, народот ќе биде прашан на референдум.

Премиерот Никола Груевски на масовниот народен собир пред македонското Собрание истакна дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да прифати промена на уставот со цел промена на уставното име.

– ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати идеи и предлози кои ќе ги нарушат македонскиот национален идентитет, македонската нација и македонскиот јазик. Нема да дозволи какво било решение и компромис  да бидат прифатени без претходно да се изјаснат граѓаните на референдум, рече Груевски.

Премиерот истакна дека ВМРО-ДПМНЕ како одговорна партија ориентирана кон членство во Европската Унија и НАТО ќе ги продолжи разговорите со Грција со јасно изградени позиции.

– Овој став е доволно добро дизајниран да може да се дојде до компромис меѓу двете страни. Членствата остануваат највисок приоритет. Тоа е нашата стратегија.  Доколку немаше блокада од Грција тоа ќе беше решено, рече премиерот.

Креираните разговори колку и да имаа зла намера, вели Груевски, докажаа дека Македонија бара цврсти гаранции за идентитетот.

-Македонските политичари не ни помислуваат да донесат одлука без референдум. Се друго е манипулација и валкана игра меѓу Зоран Заев и неговите соработници, посочи премиерот.

Груевски потенцира дека во сите креирани материјали на Заев и СДСМ никаде нема доказ за изборни нерегуларности на изборите во 2014-та година, а фактот што тие не ги прифатија изборните резултати го руши кредибилитетот на нивните барања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top