| четврток, 6 декември 2018 |

Јакимовски: Освоив повеќе од 16.000 гласа

Освоив повеќе од 16.000 гласа, наспроти изедначените гласови на останатите двајца кандидати, Андреј Петров и Јагнула Куновска, кои имаат по околу 7.000 гласови. Останува да се обработат уште некои 3.000 гласови, кои не можат да сменат многу – изјави старо-новиот градоначалник на општина Карпош, Стевче Јакимовски.

Тој им се заблагодари на оние што гласаа за него на денешните избори. Во неговиот штаб веќе се слави победата во првиот круг.

-Ова е одговорот на граѓаните на Карпош кои решија да ги победат двете најголеми партии – додаде тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top