На Грција сериозно ѝ се заканува банкрот, предупреди денеска Бундесбанката и истакна дека прифатливо решение не е можно без суштински реформи.
„Состојбата во Грција повторно е алармантна“, се вели во месечниот извештај на Бундесбанката, кој го пренесоа грчките медиуми, јавува дописникот на МИА од Атина.
Во извештајот уште се додава дека Атина и грчките банки се во можност да плаќаат, бидејќи ја користат помошта за итна ликвидност (ЕЛА).
Германската банка повторува дека Грција мора, преку реформи, да создаде основа за одржлива фискална политика нагласувајќи дека „грчката влада мора да даде соодветни предлози, спроведување на договорите и да го направи она што мора за да се избегне банкрот, кој ќе има сериозни последици за Грција“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Уапсени седум мигранти за силување на тинејџерка во Германија
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!