Пукна тиквата во ЗНМ. Уредникот на „Алсат-М“, Мухамед Зекири, отворен поддржувач на дејствувањата на СДСМ и на Сорос, не штедејќи непристојности, јавно објави дека се дистанцира од ЗНМ „сѐ додека нејзин претседател е Насер Селмани“. Ставовите на уредникот на „Алсат–М“ се поддржани од новинарските имиња кои се дел од мрежата на Сорос, како и од политичкото членство на СДСМ. Всушност, навредите кон Селмани го покажуваат вистинското лице за што служи ЗНМ, во чиишто тела на оваа наводно еснафска организација се токму новинарите од медиумите финансирани од Сорос, како и за очекувањата кои ЗНМ треба да ги испорача до крај.
Нападите врз Селмани почнаа откако тој напиша дека нема да ги поддржи протестите бидејќи Зоран Заев не понудил платформа со која би се дефинирало како би се „вратиле демократијата и слободата“.
„Три пати во Македонија на мирен начин се случи трансфер на власта, работите во Македонија останаа горе-доле исти. Заев збори дека ќе ја врати демократија и слободата, а јас мислам дека таква слобода и деморкатија немаше во изминатите 25 години. Тоа што треба Заев да ми вети како граѓани, е како ќе дојдеме до слобода и демократија. Нема слобода и демократија без демократски институции. Заев досега не кажа како ќе ги декриминализираме институциите, како ќе изградиме независно судство, како до слободни медиуми, како ќе ја ослободиме администрација од партиската војска, како ќе ја зајакнеме локалната власт, како ќе се интегрираме во ЕУ и НАТО. На овие прашања, како граѓанин, не како новинар или било што друго, јас немам одговори“, е дел од она што го 0напиша Селмани во своето видување на состојбата.
Во однос на тоа како некој ги коментира неговите ставови, Селмани напиша: „Не сме од вчера“.
„Уште нешто, се знаеме луѓе, досега ревносно му служевте на Груевски или на коалициониот партнер ДУИ, сега сакате да фатите приклучок кај Заев“, додаде првиот човек на Соросовото новинарско здружение, Селмани.
Зекири во стилот на пропагандата и поделбата која ја туркаат опозициските дејци „ако не си со нас, тогаш си против нас“ деновиве јавно го посочуваше Селмани како играч на власта. За потсетување, Зекири е уредник во телевизијата која неодамна го прекина договорот за проектот на Васко Ефтов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.