| четврток, 6 декември 2018 |

Рома се врати на второто место на табелата со бод пред Лацио (видео)

Roma-Udinese

Последниот натпревар од вчерашната програма од 36.коло во Серија А лигата се одигра во Рим каде се сретнаа Рома и Удинезе.
Рома победи со 2-1 со целосен пресврт и повторно се врати на второто место на табелата кое води во групната фаза во Лигата на шампионите пред лутиот градски ривал Лацио.
„Римската волчица“ многу потешко од очекувањата го скрши отпорот на Удинезе кој во овој натпревар влезе без никаков резултатски императив.
Сепак први поведоа гостите со голот на Перица во 19 минута. Во самиот финиш од првото полувреме Наинголан израмни на 1-1, а конечните 2-1 ги постави Торосидис, кој најдобро се снајде во шеснаесетникот по големата грешка на гостинскиот десен бек Видмер.
Рома има 67 бода, еден повеќе од Лацио, а токму овие два тима ќе ги одмерат силите следниот викенд на „Олимпико“, во директна битка за втората позиција на табелата.


Vassilios Torosidis Goal – AS Roma vs Udinese 2… by footy-goalscom

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top