| четврток, 6 декември 2018 |

Динамо Киев ја прекина доминацијата на Шахтјор од шест години

domagoj vida

Динамо Киев е новиот шампион на Украина откако во дербито го победи Днипро со 1-0. Сега Динамо има недостижни седум бода предност во однос на второпласираниот Шахтјор на две кола до крајот.
Низата на клубот од Доњецк траеше цели шест години, но оваа сезона мора да се задоволат со второто место.

Стрелец на единствениот гол на денешното дерби со Днипро беше хрватскиот дефанзивец Домагој Вида во 84. минута за големо славје на трибините.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top