Актуелниот градоначалник на Прилеп, Марјан Ристески, прогласи победа на изборите уште во првиот круг. Тој истакна дека односот на гласовите меѓу него и неговиот противкандидат изнесува 2:1.
– Оваа победа е доказ дека прилепчани не веруваат во празни зборови, туку на факти и дела – рече Ристески.
Тој искажа благодарност до прилепчани што излегоа масовно на гласање, без оглед за кого гласале. Ристески рече дека изборите тука завршуваат и дека од утре стартуваат со реализација на ветените 400 проекти од разни области, кои ќе придонесат, како што рече, во издигнувањето на Прилеп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


