Лавина од смеења на словенечките граѓани под текстот каде отворено говорат дека ова лажно известување е масло на СОРОС. Најголем број на коментарите на Словенците се дека ова го организираат центри од надвор и со совет до Македонците да не потпаднат на ова украинско сценарио.
Народот на Србија, Хрватска и Словенија го руши сценариото на Заев и странските налогодавачи. За Балканците е јасно дека ова е туѓо масло во кое Заев е марионета. Се спротивставуваат на обидот за насилно уривање на легитимната македонска влада.
“Погледнете ја Украина, по насилното преземање на власта работите не им тргнаа кон подобро. Ништо поразлично нема да се случува и во Македонија, доколку демократски избрана власт биде насилно урната.“
Ова се дел од предупредувањата со жители на Словенија ги оставаат како коментари под објава за денешниот протест во Скопје „Демонстранти во Скопје бараа оставка на владата“, публикувана на словенечки „Тајмс“.
Словенечките читатели предупредуваат дека луѓето треба да бидат свесни и да осознаат дали опозицијата е чесна во своите намери. Исто така предупредуваат дека секакво уривање на демократски избрана власт, може да отвори пат за т.н. Украинско сценарио.
Во продолжение дел од коментарите на читателите:
Scalac: „Народот мисли дека оставката на Владата и новите избори нешто ќе променат. Но, во основа сè е бесмислено. Погледнете ја Украина. Работите не им тргнаа на подобро, а ниту во Македонија нема да биде поразлично“.
AboveU: Ако е навистина незадоволството толкаво, тогаш нека се распишат предвремени избори. Но, нивните резултати да се почитуваат. Да не се постапи како во Украина, каде дојде до државен удар и употреба на насилства, за сметка на демократските средства. Доколку се случи такво нешто, тогаш државата ќе влезе во состојба на хаос, насилно преземање на власта, што воедно води и кон граѓанска војна. Таквите сценарија веќе ги видовме во Ирак, Либија, Украина, како и Сирија, чија опозиција е во Лондон и таму си ужива колку сака.
Frenki08: Да речеме дека Македонците се незадоволни од корумпираната влада, па сега сакаат таа да си даде оставка. Во основа, логично размислување. Но, постојат неколку интересни прашања кои треба да се одговорат:
– Од каде кај опозицијата снимките од прислушувани разговори (од макеоднска или од туѓа известувачка служба?)
– Дали позицијата е почесна и дали е вистинска алтернатива за актуелната влада?
– Од каде на опозицијата пари да организира протести?
– Зошто на протестите има толку албански знамиња?
– Зошто опозицијата бара техничка влада, а не предвремени избори?
Штом дојде до насилно преземање на власта од демократски избрана власт, тогаш тоа што се добива е к…. Затоа и Украина влезе во војна… Доколку изборите беа изведени нормално, без државен пуч, денеска Украина ќе беше мирна држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.