| четврток, 6 декември 2018 |

Поддржувачите на терористите од Куманово прегрнати со Заев на протестот во Скопје

На денешниот протест на СДСМ беше забележана поддршка на 113 бригада, именувана Исмет јашари, се слушаа скандирања УЧК, УЧК, знамиња на Голема Албанија и прегратки со Зоран заев. На една фотографија можеше да се забележи како Албанец држи рамка на која пишува поддршка за 113та косовска бригада именувана како Исмет Јажари. Поддршката за 113 та бригата е всушност поддршка за терористите кои беа разбиени во Куманово, бидејќи тие се членови во најголем дел на оваа расформирана бригада. Практично луѓето со кои што се гушкаше Заев се поддржувачи на терорстите во чија акција за разбивање загинаа 8 македонски полицајци.

protest1-500

Мухамед Красниќи – командант Малишева кој беше уапсен во Куманово е дел од ОВК, командант во 113 бригада, вклучен во обиди за создавање паравоени структури за Илирида. Сами Укшини – кој исто така беше уапсен е поранешен командант на УЧК и заменик командант на 113 бригада, член на илегални организации во бараат создавање на Голема Албанија, член на паравоени и терористички групи кои имаат иста цел. Близок соработник на Мирсад Ндрецај алијас командант НАТО.

Понатаму на самиот митинг можеа да се забележат и ликови во маици на Голема Албанија и развиорени албански знамиња.

protest2-500

Инаку Зоран Заев една недела по загинувањето на 8 припадници на полицијата дури денес одаде едно минутно молчење. Но затоа веднаш по нејзиното завршување, во понеделникот правеше селфи со Албанците во кумановската Дива Населба и покажуваше два прста симболизирајќи го знакот на УЧК.

zaev-ku

Денес поддржувачите на 113 та бригада на УЧК и  на терористите беа меѓу присутните на митингот на СДСМ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top