Каталонскиот гигант Барселона на едно коло до крајот во Примера дивизија ја осигура титулата бидејќи денеска славеше минимално со 1-0 на гостувањето кај Атлетико Мадрид.
Со тоа Барса ја прослави титулата на „Висенте Калдерон“ им им врати на денешните противници за минатата сезона кога Атлетико славеше на „Камп Ноу“.
Денешниот дерби дуел го реши Лео Меси, кој кон средината на второто полувреме го постигна победничкиот гол, со прецизен удар од десетина метри по двојното додавање со Педро. Мора да се истакне дека Барселона стигна до оваа победа без помошта на Луис Суарез, чија повреда не е многу сериозна, но тренерот Енрике не сакаше да ризикува со негов настап вечерва.
Реал Мадрид оствари пирова победа кај Еспањол од 4-1, но тоа не значеше ништо бидејќи Барселона победи во Мадрид. Нов хет-трик постигна Кристијано Роналдо како за утеха за лошата сезона без ниту еден освоен трофеј.
Резултати:
Атлетико М. – Барселона 0-1, Еспањол – Реал М. 1-4, Кордоба – Рајо Валјекано 1-2, Елче – Атлетик Б. 2-3, Ла Коруња – Леванте 2-0, Хетафе – Еибар 1-1, Р. Сосиедад – Гранада 0-3, Севилја – Алмерија 2-1, Валенсија – Селта 1-1, Вилјареал – Малага 2-1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)