Новинарите кои се претставуваат како независни и слободни, на денешниот протест не беа излезени службено, туку очигледно како поддржувачи на Заев и на СДСМ. Денес покажаа дека се поддржувачи на СДСМ и дека освен што службено ги бодрат политиките на Заев, тие приватно се симпатизери на СДСМ.
Ида Протуѓер, Оливера Трајковска, Санта Аргирова, Среќко Поповски, Билјана Секуловска и Менче Атанасова Точи денес бараа оставка од Груевски. Тие не отидоа да работат или под закрила на СДСМ да бараат како досега повеќе слобода во новинарството, туку јавно ја покажаа својата партиска припадност.
Докажаа дека во Македонија тие не се независни новинари, туку новинари кои работат во името на СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.