| четврток, 6 декември 2018 |

Видео сведоштво на штипски бизнисмен- Заев ми зема мито од 39.000 евра

potkupzzzБизнисмен од Штип сведочи како на Заев му дал мито од 39 илјади евра, пренесе телевизија Алфа. Мики Наумов еден од газдите на „Иднина“ пред камерата на Алфа, раскажува дека само два дена откако Заев бил избран за градоначалник му побарал пари да му заврши работа за одобрение за градба. Штипскиот бизнисмен во јавното сведоштво вели дека 35 илјади евра му дал на рака, а останатите 4000 евра преку посредник.

Иако проблемот со одобрението бил решен со претходниот градоначалник Киро Јанев, Заев уверувал дека треба да се дозаврши работата со давањето согласност за градба и дека за тоа му следувала награда.

Целиот случај е за одобрение за градба на местото на старата управна зграда на фирмата Иднина за која имало маркица уште пред 30 години.

Наумов пред камерите на Алфа раскажа дека Заев го познавал уште пред да стане градоначалник. Вели беше сиромашен и се чуди како набрзо стекнал огромно богатство.

Се присетува дека му дал и 500 евра , бидејќи му недостасувале за да си купи половен автомобил Ауди А4 од 4000 евра.

Наумов го повикува Заев на јавно соочување, а вели дека е подготвен да направи и полиграфско тестирање се со цел да се докаже дека ја говори вистината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top