На сметките на тутунарите почнаа да легнуваат парите од субвенциите. Во рок од една недела треба да биде комплетиран целиот процес. Според проценките, само во прилепскиот регион ќе бидат исплатени околу 9 илјади производители. Тие велат – субвенциите се клучни за оваа дејност.
Во Прилеп почна исплатата на субвенциите за минатогодишната реколта тутун. Евро за продаден клиограм тутун има за сите тутунари без разлика кај кој откупувач го предале родот, информираа недлежните. Веста за исплата на субвенциите ги раздвижи производителите.
Од Сојузот на здруженијата на земјоделците се надеваат дека исплатата ќе се одвива според утврдената динамика и дека за една недела парите ќе бидат исплатени. Според ресорното министерство ланската реколта тутун била околу 25 илјади тони од кои половина биле од прилепско-пелагонискиот регион.
Годинава за прилепските тутунари обезбедени се околу 13 милиони евра од вкупно 25-те милиони за исплата на субвенциите за целата реколта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Исцрпени се средствата, завршија субвенциите за ПВЦ прозорци и сончеви колектори
-
Министерството за култура почна постапка за укинување на субвенциите за песни
-
Груевски: Заев пред минатите изборите не кажа дека ќе ги укинува субвенциите, а сега ги укинува за оние со помал принос
-
Град Скопје повторно ќе субвенционира велосипеди