Денес стана кристално јасно кои беа мотивите на протестот на пленумите, зошто Најчевска во секоја прилика ја критикуваше Владата, зошто Владимир Милчин истура милиони за поддршка на политиките на СДСМ, зошто Петрит Сарачини се закануваше кон Бобан Нонковиќ и се обиде физички да се пресмета со него.
Владимир Милчин е замешан во финансирањето на обвинетите во „Пуч“, главен финансиер на медиумите на СОРОС кои ги корумпира да прават пропаганди во корист на СДСМ.
Жената која ги навредуваше полицајците во тек на акцијата против вооружените терористи, Најчевска денес говореше во име на СДСМ пред насобраните граѓани.
Александар Поповски кој зема огромни суми на пари од владини проекти, денес исто така јавно плукна по Македонија.
На денешниот митинг говореше и Огнен Јаневски, активист на ЛГБТ заедницата кој е уште еден од корумпираните новинарски пера на СДСМ.
Се претставува како борец за демократијата, а самиот е насилник. Петрит Сарачини е платеник на СОРОС кој денес бараше слободна Македонија, каде се пресметува со други новинари поради различно мислење.
СДСМ застана зад протестот на Студентскиот пленум, па логично и Студентскиот пленум застана во поддршка на СДСМ.
Со излегувањето и говорот на денешниот протест, Никола Димитров само јавно ги покажа нарачателите на неговото однесување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.