Социјалдемократската Унија ги повикува своите членови и симпатизери, а вооедно ги повикува и сите граѓани на Република Македонија, мирно и достоинствено, да излезат во понеделник во 20 часот и да дадат поддршка на силна и стабилна Македонија.
-Во овие историски моменти, сите без разлика на политичка, етничка, верска или национална припадност, да се обединиме и да дадеме поддршка на стабилна Македонија – се вели во соопштeнието од партијата.
Митингот ќе се оддржи на 18 мај, понеделник во Скопје.
Овој митинг ќе биде мирен, достоинствен и плод на разумот на секој наш граѓанин, додаваат од СДУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.