Серија докази го продлабочуваат сомнежот за вмешаност на сопругот на Радмила Шеќеринска во мега скандал со затајување на данок, објави Press24. Како што веќе објави Press24 брачниот пар Јанковски – Шеќеринска речи си целиот свој имот го изнајмувал на компанијата Дајнерс што отвора сериозен простор за сомнеж дека на овој начин спротивно на законите се извлекувале парите од сметката на фирмата со цел да се намали основицата за пресметка на данок на добивка и да се избегне плаќање на персонален данок.
Во периодот околу 24 декември 2012 година, кога сопартијците на Шеќеринска мрзнеа по скопските улици, според документите кои вчера ги објави Press24 таа и нејзиниот сопруг пресметувале огромни суми кои ги инкасирале како кирии. Само таа година, на нивната сметка легнале стотина илјади евра.
Голем број факти покажуваат дека становите кои сопругот на заменичката на Заев си ги рентал на фирмата во која бил управител воопшто не се користеле за потребите на компанијата Дајнерс.
Дека постои голем простор за сомнение дека станува збор за фиктивни договори покажува и фактот дека лицето Обрад Сикимиќ, кој инаку е прв човек на белградската компанија “Дајнерс клуб“ при надворешните контроли кои ги вршела Управата за јавни приходи давал изјави дека при посетите на Македонија престојувал во еден од становите кои сопругот на Шеќеринска си ги рентал на самиот себе си.
Press24 преку свои извори информацијата ја провери во секторот за гранични работи и миграција, а од таму велат дека ова лице, воопшто немало пријавен привремен престој во ниту еден од становите кои семејството на Шеќеринска ги рентало на фирмата Дајнерс.
Иако станува збор за 4 станови, од кои 3 во Скопје и еден во Охрид, Сикимич и лицата кои го придружувале при посетите на Македонија не пријавиле дека престојувале на ниту едно од овие места, иако пред инспекторите на УЈП тврделе дека ги користеле становите.
Интересен податок дава и евиденцијата на управните служби на МВР до која дојде Press24.
Имено, од увидот во неа може да се заклучи дека сопругот на Шеќеринска и членовите на неговото семејство живееле во становите кои ги изнајмувале што практично значи дека тие не можеле да се користат за потребите на компанијата Дајнерс.
Покрај ова, сопругот на Шеќеринска за становите кои и ги рентал на својата фирма во Град Скопје плаќал данок на имот по повластена стапка о 0,05%. Оваа стапка ја плаќаат само оние граѓани на Скопје кои живеат во своите станови, што е исто така причина повеќе Обвинителството детално да го истражи овој случај и доколку најде злоупотреби да постапи согласно Кривичниот законик.
Се чини најсомнително од се е сумата по која се рентале становите. За станот на улицата Хаванска, сопругот на Шеќеринска од компанијата Дајнерс извлекувал по 5.300 евра месечно. Мало пребарување по огласите за недвижности во Скопје дава резултати дека луксузен стан од над 200 метри квадратни се изнајмува по цена повеќе од 3 пати пониска од онаа која сопругот на Шеќеринска си ја плаќал на самиот себе си.
Истовремено, најголем дел од куќите од по 1000 метри квадратни кои како резиденции ги користат странските амбасадори во Македонија месечно чинат помалку од 5.000 евра.
Радмила Шеќеринска вчера не ги демантираше наводите за даночно затајување. Таа дрско одговори дека ќе биде пред Владата.
-Од утре во 14 часот јас ќе бидам пред Владата на Република Македонија. Ја повикувам Владата на Груевски, ако има едно ливче, еден потпис, еден доказ за моја злоупотреба или криминал ВЕДНАШ да дојде да ме уапси! Ќе и бидам близу и не си заминувам брзо! – изјави вчера Шеќеринска во писмено соопштени откако на прес конференцијата на Бихаќка побегна од директен одговор на новинарското прашање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев и Радмила Шекеринска не можат да бидат решение за проблемите во Република Македонија – тие се проблемот на оваа држава
-
Шекеринска: Амандманите никој нема да ги пишува зад затворени врати
-
Шекеринска потврди: МО ќе оддели милион евра за кампањата за референдумот
-
Тонч за Шекеринска од 2010: Да сакаше СДСМ досега 10 пати ќе го променевме името