СДСМ сака да креира лажна слика за денешниот протест, а тоа се гледа уште пред протестот официјално да започне.
Просторот пред Влада, социјалдемократите го оградуваат со барикади за да се прикаже поголема посетеност.
Со барикадите, просторот пред Влада е веќе ограден и навидум стеснет, сакајќи да се створи слика да присуство на повеќе луѓе.
СДСМ уште пред да започне митингот започна да лифтерува бројки од 100.000 протестанти, а оваа нереална бројка ја соопшти лидерот Зоран Заев уште вчера. Тоа е многу далеку од она што реално се случува на терен.
Заев соочен со слабиот одзив од граѓаните на терен и одбивањето на симпатизерите на СДСМ да влегуваат во неговото сценарио, почнаа да праќаат празни автобуси, за што сведочат и фотографиите кои ги објавуваме.
Веднаш потоа, просторот пред влада беше стеснет со барикади.
Заев одамна се соочи со пропаднатото сценарио во кое не сакаат да учествуваат ниту неговите довчерашни симпатизери. Дека денешниот протест ќе доживее целосно фијаско се гледа од сликата на терен половина час пред официјалниот старт на протестот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.