Андреј Петров има освоено само 3,7 проценти од гласовите во Карпош, наспроти 53 проценти освоени гласови на Стевче Јакимовски и 43 проценти за кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Јагнула Куновска. Ова се првичните информации од ДИК по обработени податоци во едно избирачко место.
Обработени се 12 проценти од гласовите. ДИК соопшти дека ДУИ води во Гостивар, а ВМРО-ДПМНЕ во Гевгелија.
– Седумдесет и два проценти од обработените гласови во Штип се за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Илчо Захариев. Од гласовите во Битола, 47 проценти освоил Владимир Талевски од ВМРО-ДПМНЕ, а 65 проценти од гласовите во Валандово се за владејачката партија. Во Велес предност има кандидатот на СДСМ, Аце Коцевски. Тој има освоено 56 проценти од досега обработените гласови, наспроти 43 проценти за Чадиев. Во Гази Баба ВМРО-ДПМНЕ води со 78 проценти од гласовите – велат од ДИК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


