| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ слави во Охрид

Коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, слави во Охрид. Канидатот за градоначалник на коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Бакрачески, им се заблагодари на сите охриѓани што гласале за него, но и на сите што не гласале и им порача дека вечерва победи иднината на Охрид.

– Никогаш не сум доживеал пораз досега во животот, а најмалку сега. Тоа е првото нешто што им го подарувам на охриѓани. Многу сум благодарен на сите граѓани во Охрид, на сите што гласаа за мене, но и на сите што не гласаа. Вечерва победи иднината на Охрид и желбата за промени – изјави кандидатот на коалицијата „За подобра Македонија“, Никола Бакрачески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top