Имаме огромен број од две илјади млади луѓе, наши членови кои се борци и кои тренираат карате и кик-бокс – изјави Зоран Заев, претседателот на СДСМ во интервју за „НоваТВ“.
Со овие зборови, Заев потврди дека СДСМ има тимови за насилство, нешто за кое медиумите пишуваат веќе подолг период и предупредуваа за насилни демонстрации. Заев наместо со проекти и предлози се фали со 2.000 млади лица кои вежбале карате и кик бокс, како што вели самиот.
Повикувајќи се на партиски извори дел од медиумите веќе пишуваа дека тимовите на СДСМ со најсилните членови се веќе спремни, составени од луѓе со кривични дела, кражби, насилства, вооружени грабежи и учества во тепачки.
Нивната задача, како што се пишуваше е да предизвикуваат насилство врз полицијата и државните институции, но и кршења на излози, палења на автомобили по украинското сценарио.
Исто така, во јавноста е познато и дека мобилизирани се и навивачките групи блиски до СДСМ, а на помош се повикани и луѓе од странство дебело платени од соросовата фондација со огромно искуство за правење на насилни протести и создавање на хаос.
Се говори и дека одредени структури на СДСМ набавиле и огнено оружје кое не се исклучува да биде употребено утре.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



