| четврток, 6 декември 2018 |

Дејвид Линч сепак ќе го режира продолжението на „Твин Пикс“

twin picks

Авторот на култната серија „Твин Пикс“, Дејвид Линч изјави дека сепак ќе има продолжение на серијата и дека тој ќе ја режира.

„Повторно се случува“ порача на „твитер“ Линч кој неодамна го напушти проектот незадоволен од финансиската поддршка.

И продукциската куќа потврди дека Линч ќе го режира продолжението на серијата која ќе има повеќе од девет епизоди. Првобитно беа планирани помалку.

Оригиналната серија, емитувана во 1990 и 1991 година беше номинирана за 14 награди „Еми“ и доби одлични критики, пред се поради сценариото и актерската екипа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top